Зградата е во употреба од 1939 година како Управна палата на тогашната локална Управа.
По ослободувањето на Скопје 1944 година во зградата е сместена целокупната администрација на македонската народна власт: претседателот на Демократска Федерална Македонија, Народното Собрание, Владата и Уставниот суд.
Во периодот од 1954-1963 година изградени се Свечената сала и Сала 2, а ентериерно се уредени помалите сали во свечениот дел, Охридска и Струшка соба со дрворез на таваните, зидовите и вратите изработени од мајсторите на традиционалната резбарска школа од Охрид, како и гипсана декорација изработена од Дримколските мајстори. Малиот свечен салон, салата на Уставна комисија, рeсторанот, како и кабинетите, ентериерно се уредени со ламперија во интарзија.
Со земјотресот што го зафати Скопје во 1963 година, зградата на Собранието видно беше оштетена, после што беа преземени големи зафати за нејзино санирање и реконструкција.
Во 1966/67 година е реконструирана и ентериерно уредена Парламентарната сала, а изградени се и две нови сали, Сала 3 и Сала 4.
Со осамостојување на Република Македонија во 1991 година, во зградата покрај Собранието на Република Македонија, сместен е и Кабинетот на претседателот на Републиката на дел од првиот кат.
Палатата на Собранието располага со повеќе Сали за седници, Кабинети на претседателот на Републиката, претседарелот на Собранието, на потпретседателите, на претседателите на комисиите, на координаторите на пратеничките групи, на генералниот секретар на Собранието и неговите заменици, како и на раководителите на стручните служби и на секторите.
Собраниска салаво палатата на Собранието

No comments:
Post a Comment