Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието.
Собранието заседава во Скопје.
Надлежности
Според член 68 од Уставот во надлежност на Собранието на Република Македонија е:- да го донесува и изменува Уставот на Република Македонија;
- да донесува закони и дава автентично толкување на законите;
- да ги утврдува јавните нарачки;
- да донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;
- да донесува просторен план на Републиката;
- да ратификува меѓународни договори;
- да одлучува за војна и мир;
- да донесува одлуки за менување на границите на Републиката;
- да донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;
- да распишува референдум;
- да одлучува за резервите на Републиката;
- да основа совети;
- да избира Влада на Република Македонија;
- да избира судии на Уставниот суд на Република Македонија;
- да врши избор и разрешување на судии;
- да врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон;
- да врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;
- да дава амнестија и
- да врши други работи утврдени со Уставот.
Работни тела во Собранието на Р. Македонија
Работните тела се основаат заради разгледување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони, предлози на закони и предлози на прописи и други општи акти што ги донесува Собранието.Работни тела или комисии во состав на Собранието се:
- Комисија за уставни прашања
- Законодавно-правна комисија
- Комисија за одбрана и безбедност
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
- Комисија за надворешна политика
- Комисија за прашањата на изборите и именувањата
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
- Комисија за надзор над работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање
- Комисија за финансии и буџет
- Комисија за економски прашања
- Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Комисија за транспорт, врски и екологија
- Комисија за образование, наука и спорт
- Комисија за култура
- Комисија за здравство
- Комисија за труд и социјална политика
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
- Комисија за европски прашања
- Комисија за еднакви можност на жените и мажите
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип,
Собрание на Република Македонија
Кoнтакт
No comments:
Post a Comment